Што е Kingsize Help?

Големите возила можат да предизвикаат големи проблеми ако се случи дефект или сообраќајна незгода на патот.

Во овие случаи, Kingsize ќе ви биде од најголема помош и ќе ви овозможи бесплатна употреба на услуга за помош на патот. Покрај услугите за поправка на камиони и автобуси, како и услуги за превоз и кран за нивно влечење, возачот може да користи и сместување или заменско возило, како и толкувачки услуги. Kingsize Help го обезбедува сето ова низ цела Европа.

Kingsize Help е наменет за бизнис корисници, камиони и сопственици на автобуси со максимум дозволен товар над 3.5 тони.

Зошто Kingsize Help?

ГОЛЕМО ВОЗИЛО = ГОЛЕМИ ТРОШОЦИ

Сопствениците на камиони и автобуси многу добро ги знаат последиците од сообраќајните несреќи и дефектите. Високите трошоци за поправка, влечење, носење и складирање на возила можат многу да влијаат врз финансискиот статус на деловниот превозник.

ГОЛЕМО ВОЗИЛО = ГОЛЕМИ ТРОШОЦИ

ПРЕМНОГУ КОМПЛИКАЦИИ

Се бара својствена организацијата на интервенции , особено ако се додаде јазична бариера. Ситуацијата е уште покомплицирана ако сте во странство и не сте запознаени со изведувачите, цените или процедурите, што дополнително ги зголемува трошоците.

ПРЕМНОГУ КОМПЛИКАЦИИ

ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ

Сè додека вашето возило не е во употреба, а тоа може непотребно пролонгирано ако не ги познавате изведувачите, постои одреден ризик да изгубите приходи од превоз на стока и патници, а доцнењата во договорените испораки може да доведат до казни.

ТЕКОВНИ ТРОШОЦИ

ФОКУС НА ОНА ШТО Е ВАЖНО

Вие веќе не треба да трошите пари на вашите сопствени ресурси за услуги или време за да барате услуга за влечење кога сте на оваа област. Kingsize Help ќе ви овозможи помош и ќе ги покрие трошоцие низ цела Европа. На овој начин можете да продолжите да ги извршувате редовните задачи и да не оставите нас да се грижиме за вашиот камион или автобус.

ФОКУС НА ОНА ШТО Е ВАЖНО

ПАКЕТ УСЛУГИ

Центар за повици

Центар за повици

Јавете ни се бесплатно, секој ден, во секое време.

Дијагноза на проблем / дефект

Дијагноза на проблем / дефект

Професионалната дијагностика е првиот чекор кон брза и соодветна услуга за поправка на возила.

Поправка на лице место

Поправка на лице место

Можеме да го поправиме вашето возило на лице место и да извршиме едноставни активности како што се полнење гориво, полнење на батерии, полнење на воздух, поедноставни поправки на гориво, црева за воздух или систем за ладење, замена на делови, замена на осигурувачи и светилки, итн.

Подготовка за влечење

Подготовка за влечење

Вршиме подготвителни работи за влечење на возилото - расклопување на вратило, поврзување со воздушниот систем на влечното возило, обележување на возилото, обезбедување на возилото и товар на возилото итн.

Превоз на возила

Превоз на возила

Доколку не можеме да го поставиме возилото во функција на самото место, ќе организираме превоз на возилото, вклучувајќи товарење, транспорт и истовар на возилото на локацијата по избор на корисникот.

Кран / лифт за автомобили

Кран / лифт за автомобили

Кран / лифт за автомобил ви е на располагање во случај да имате потреба да го извлечете или ракувате со возилото во случај на лизгање, превртување итн.

Сместување

Сместување

За време на поправката на возилото, ние обезбедиме сместување за возачот во хотел во близина.

Возило за замена

Возило за замена

На возачот му обезбедуваме замена за патнички автомобил за употреба додека возилото се поправа или се враќа во базата.

Толкувач

Толкувач

Толчкувачка услуга исто така е обезбедена , со цел да се олесни вашата комуникација со надлежните служби или други учесници во организацијата на соодветна интервенција во странска земја.

Кога и како да се користи Kingsize Help?

Kingsize Help е најголема помош во случај на дефект или несреќа на вашите автобуси и камиони додека патувате надвор од границите на вашата земја, каде било во Европа. Само контактирајте го нашиот бесплатен телефонски центар кој било ден или во кое било време. Потоа итно ќе испратиме тим за интервенција на одредена локација и ќе го санираме возилото на лице место. Ако тоа не е можно, ние ќе организираме возилото да се транспортира до локацијата по избор на корисникот на Kingsize Help.

Во случај на несреќа и превртување или лизгање на возило, доколку е потребно, ќе организираме кран / лифт за автомобил за да го извлечеме, свртиме или ракуваме со возилото за време на товарот и подготовката за превоз, и ќе обезбедиме дополнителна помош како што е сместување и заменско возило за возачот, како и услуги за толкување.

Каде и како можете да го добиете Kingsize Help?

Може да организирате Kingsize Help со вашата осигурителна компанија, банка, компанија за лизинг, телекомуникациски провајдер, компанија за кредитни картички или обезбедувач на услуги за управување со флота и дистрибутери и продавачи на нови и користени камиони и автобуси, како составен дел на нивните производи или како самостоен производ , брзо и лесно преку интернет-продажба, апликативни решенија или лично во феријалите.